Се чистат сите диви депонии на патот од ул.Дисанска кон Овчка река. По расчистувањето на депониите ќе се работи на рамнење и на тампонирање на патот на некои локации каде што тоа е потребно – информираат од локалната самоуправа.

Оваа акција значително ќе го подобри функционирањето на земјоделците кои работат земјоделски работи во овој дел.