(ВИДЕО) Пожар во зграда во Кавадарци

(ВИДЕО) Пожар во зграда во Кавадарци

Еден час пожарникарите се борат со огнот кој го зафати поткровјето од зграда на улицата „Пано Мударов“ во Кавадарци. Повредени нема, а екипи од против пожарната единица првично ги евакуираа станарите. Според последните информации пожарот е локализиран, но е причинета  материјална штета.

 

Во интервенцијата покрај пожарникарите се вклучени и вработени во ЈП Комуналец и ЈП Паркинг Кавадарци.

А.Д