Повреден работник во кавадаречка фабрика

Повреден работник во кавадаречка фабрика

Вчера попладне околу 18.00 часотво Полициската станица Кавадарци било пријавено дека П.Н.(23) од Кавадарци, при извршување на работни задачи во фабрика во Кавадарци, паднал и се повредил.

 

Тој бил пренесен во болницата во Кавадарци за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци – информираат од СВР Велес.