д-р Коцев: Сите резултати од брисевите на луѓето во контакт со двајцата заболени се НЕГАТИВНИ

д-р Коцев: Сите резултати од брисевите на луѓето во контакт со двајцата заболени се НЕГАТИВНИ

Сите добиени, официјални резултати од референтната лабораторија за вирусологија во Скопје од направените анализи на медицинскиот персонал во кавадаречката болница и луѓето кои биле во контакт со инфицираната докторка и нејзиниот сопруг се негативни. За ова денеска на прес конференција информираше директорот на болницата, д-р Диме Коцев.