Негативни се сите лица кои беа во контакт со починатиот албанец во Кавадарци

Негативни се сите лица кои беа во контакт со починатиот албанец во Кавадарци
„Ве известуваме дека лицата вработени во Брза помош, Јавно Обвинителство, ОВР Кавадарци, како и останатите граѓани кои беа во контакт со починатиот албански државјанин кај кого беше докажан (постмортем) вирусот на Корона, се тестирани и нивните резултати се НЕГАТИВНИ.
За сите нив останува препораката за 14 дневна самоизолација.
Исклучително е важно да ги почитуваме мерките за заштита. Знаеме дека не е лесно, но секој ден сме се поблиску до нашата заедничка цел – спречување на КОВИД 19“ информира вечерва преку соопштение директорот на кавадаречката болница, д-р Диме Коцев.