48 излекувани и 28 нови позитивни на Ковид 19

48 излекувани и 28 нови позитивни на Ковид 19
Денеска регистрирани се 48 излекувани пациенти. Од нив 6 пациенти од болничко лекување и 42 кои се лекуваа во домашни услови – информираат од Министерството за здравство.
 
 
Во ГОБ „8 сетпември“ почина пациент од Скопје на 51 годишна возраст, примен во болницата на 9 април во тешка состојба и веднаш поставен на респираторна машина.
 
Во изминатите 24 часа потврдени се 28 нови случаи на коронавирус.
 
– Скопје 11
– Куманово 2
– Прилеп 9
– Тетово 2
– Велес 3
– Валандово 1
 
 
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1259.
Во изминатото деноноќие направени се 660 теста. Досега во земјата се направени вкупно 13000 тестирања на Ковид -19.