Повторно се зголемува бројот на нови позитивни на Ковид 19 во земјава

Повторно се зголемува бројот на нови позитивни на Ковид 19 во земјава
Институтот за јавно здравје, денеска регистрира 22 оздравени пациенти.
 
– Скопје 2
– Куманово 6
– Штип 3
– Прилеп 7
– Тетово 1
– Струга 1
– Кочани 2
 
 
Во изминатите 24 часа направени се 332 тестирања, а потврдени се 33 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-2, Штип-1, Прилеп-5, Тетово-2, Велес-9, Битола-2, Крива Паланка-1.
 
 
Досега во земјата се направени вкупно 18.168 тестирања на ковид -19.
 
 
На пат кон Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент од Велес на 70 годишна возраст, кој од 4 мај бил хоспитализиран на инфективното одделение во болницата во Велес, а поради влошување на состојбата бил препратен во Скопје.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1572, бројката на оздравени пациенти е 1079, на починати е 89, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 404.