Се реконструира старата водоводна линија во селото Сопот

Се реконструира старата водоводна линија во селото Сопот
Општината Кавадарци продолжува со реализација на капиталниот комунален проект во селото Сопот за реконструкција на старатa водоводна линија – информираат од локалната самоуправа.
 
 
Ангажираната оператива на фирмата „ВОД-ВАР“ Инженеринг од Скопје работи на поставување на комплетно нова мрежа по главниот вод на улицата „Илинденска“ како и на краците од сите останати селски улици.
 
 
Паралелно се поставува и атмосферска канализација за зафаќање на атмосферската вода од улиците: „Илинденска“, „Коле Василев“ и ул. „Маршал Тито“.
 
 
Станува збор за проект вреден 16.914.631 денари, пари кои се наменети за подобрување на подземната инфраструктура во оваа интензивна рурална средина.
Овој значаен и сериозен комунален проект општината го реализира на барање на жителите од селото Сопот.