Работите на изградбата на новиот мост преку реката Луда Мара продолжуваат со засилено темпо, а на терен веќе се забележуваат видливи придвижувања. Со реализацијата на овој инфраструктурен зафат, мостот станува сè поизвесна реалност и наскоро ќе обезбеди значајна сообраќајна поврзаност за жителите на Марена.
Проектот е во вредност од 12 милиони денари и предвидува изградба на современ мост со две коловозни ленти, како и тротоари од двете страни. Со ваквите решенија ќе се овозможи значително побезбедно, побрзо и полесно движење за сите учесници во сообраќајот – како за возачите, така и за пешаците.
Новиот мост претставува важен чекор кон унапредување на локалната инфраструктура и подобрување на секојдневното функционирање на месното население, носејќи конкретни и долгорочни придобивки на терен – велат од локалната самоуправа.
©ктв.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.