Мицкоски: Аукцијата за АЛТА банка се очекува крајот на ноември или почетокот на декември, шест инвеститори покажале интерес

Мицкоски: Аукцијата за АЛТА банка се очекува крајот на ноември или почетокот на декември, шест инвеститори покажале интерес

Аукцијата за продажба на акциите на АЛТА банка АД Битола се очекува да се одржи кон крајот на ноември или на почетокот на декември, изјави премиерот Христијан Мицкоски од Охрид. Тој изрази голем оптимизам дека банката ќе добие нов сопственик-финансиска институција, што е од клучно значење за доверителите.

Мицкоски појасни дека во тек се законските рокови пред Народната банка и регулаторот, по што ќе следува лиценцирање на понудувачите и закажување на аукцијата. Во меѓувреме, гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, потврди дека интерес за преземање на банката изразиле шест инвеститори, а веќе се реализирани и разговори со две домашни банки.