Теренската проверка потврди: Нема останато необрано винско грозје во Општина Кавадарци

Теренската проверка потврди: Нема останато необрано винско грозје во Општина Кавадарци

По иницијатива на градоначалникот Митко Јанчев, општинската комисија за увид на фактичката состојба со лозовите насади спроведе обемни теренски проверки низ сите катастарски општини и утврди дека на територијата на Општина Кавадарци нема останато несобрано винско грозје.

Како што се наведува во извештајот, комисијата, формирана со решение од 9 октомври 2026 година, изминатите денови изврши детална контрола и увид на земјоделските и катастарските парцели во повеќе населени места:

  • 09.10.2026 (петок): КО Сопот, КО Марена и КО Глишиќ;
  • 12.10.2026 (понеделник): КО Кавадарци вон град и КО Ваташа;
  • 13.10.2026 (вторник): КО Бегниште, КО Дабниште и КО Ресава;
  • 14.10.2026 (среда): КО Возарци, КО Шивец, КО Брушани и КО Дреново.

Во рамки на постапката, дел од парцелите беа споредени и со претходно поднесените пријави за штети од елементарни непогоди (мраз и град), со цел подобра контрола и правилна проценка на состојбата на терен – пишува во извештајот.

По спроведените активности во сите реони, комисијата во официјалниот извештај потврди дека гроздоберот на територијата на општината е целосно завршен и нема необрани лозови насади.

ФОТО: ИЛУСТРАЦИЈА