Возач на електричен тротинет се здобил со тешки телесни повреди по судир со патничко возило вчеравечер во Кавадарци.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, сообраќајната несреќа била пријавена на 06.10.2026 година во 19:30 часот во ОВР Кавадарци. Несреќата се случила на крстосницата помеѓу улиците „Галичка“ и „Ресавска“, каде што дошло до судир помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 43-годишниот Г.Ѓ. од Кавадарци, и електричен тротинет, управуван од Н.Д. (51) исто така од Кавадарци.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тротинетот, кои му биле констатирани во Општата болница во Кавадарци.
На местото на настанот бил извршен увид од страна на увидна екипа од ОВР Кавадарци за утврдување на причините за сообраќајката.