Советот на Општина Росоман изгласа ребаланс на Буџетот

Советот на Општина Росоман  изгласа ребаланс на Буџетот

Вчера во Општина Росоман се одржа седница на Советот на која советниците разгледаа и изгласаа повеќе точки од суштинско значење за функционирањето на општината и локалните институции.

Главна точка на дневниот ред беа Предлог-измените и дополнувањата на Буџетот на Општина Росоман за 2026 година, односно вториот ребаланс на општинската каса, со кој се пренаменуваат средства за тековните и планираните проекти.

Беше разгледан Годишниот извештај за работата на ООУ „Пере Тошев“ за учебната 2025/2026 година, Годишниот извештај и новата програма за работа на детската градинка „Праскичка“ за 2026/2027 година, а беа донесени и одлуки за разрешување и именување член во Училишниот одбор на ООУ „Пере Тошев“.

Советот ги разгледа полугодишниот извештај за работењето и финансискиот извештај на јавното претпријатие за комунални дејности „РОСОМАН“ за периодот јануари–јуни 2026 година, Годишниот план за вработување за 2027 година, како и Планот за заштита и спасување од природни непогоди и други несреќи.

Беа разгледани и повеќе барања поднесени од физички лица. Со донесувањето на овие одлуки се овозможува непречено функционирање на општинските служби, локалното комунално претпријатие и образовните установи во Росоман.