БИЛТЕН НА МВР: Физички напад меѓу браќа и две пријави за вознемирување малолетнички на социјалните мрежи во Кавадарци

БИЛТЕН НА МВР: Физички напад меѓу браќа и две пријави за вознемирување малолетнички на социјалните мрежи во Кавадарци

Полициските службеници од ОВР Кавадарци во текот на изминатиот ден забележаа неколку инциденти, меѓу кои семејно насилство со физички напад, како и два одделни случаи на злоупотреба и вознемирување малолетнички преку социјалните мрежи.

Момче лишено од слобода по физички напад врз сопствениот брат

Денеска (24.09.2026) во 02:05 часот по полноќ, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода 23-годишниот И.Б. од Кавадарци.

Според пријавата, Тој отишол во домот на неговиот 19-годишен брат, каде што физички го нападнал и упатувал закани. За настанот веднаш бил известен јавен обвинител, а по комплетно документирање на случајот против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Приведен кавадарчанец за навредливи објави со слика од малолетничка

Вчера (23.09.2026) во 11:20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци извршиле службен разговор со 32-годишниот Н.Ј. од Кавадарци.

Разговорот следувал по претходна пријава од 45-годишен жител на Росоман, кој пријавил дека Н.Ј. на профил на социјална мрежа објавил фотографија од неговата малолетна ќерка, пропратена со текст со навредлива содржина. Од полицијата информираат дека се преземаат соодветни мерки за целосно расчистување на настанот.

Малолетничка била мета на недолични коментари и споделувања на социјалните мрежи

Истиот ден (23.09.2026) во 10:35 часот, во ОВР Кавадарци се обратила и 40-годишна кавадарчанка со пријава за со Сajбер-вознемирување.

Таа пријавила дека од профилот на нејзината малолетна ќерка биле преземени и објавени фотографии на социјална мрежа, при што биле споделувани објави со недолични коментари во кои девојчето било директно именувано. Полицијата работи на расчистување и на овој случај.