Јанчев на прва средба со координаторката на ОН, Рита Колумбија: Акцент врз младите и нови заеднички проекти (видео)

Јанчев на прва средба со координаторката на ОН, Рита Колумбија: Акцент врз младите и нови заеднички проекти (видео)

Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, денеска оствари прва официјална работна средба со новоименуваната постојана координаторка на Обединетите нации во Македонија, г-ѓа Рита Колумбија.

Kако што информираа во изјавата за КТВ, Јанчев и Колумбија на средбата се разговарало за можностите за унапредување на меѓусебната соработка и идната реализација на заеднички иницијативи, со посебен фокус врз поддршката за младите, развојот на младинските центри и креирањето нови можности за нивно подлабоко и поактивно учество во општеството.

    Оваа прва официјална средба претставува почеток на партнерство со јасна визија — повеќе можности за младите генерации, поддршка за нивните идеи и заедничка ангажираност за уште подобра иднина на Кавадарци.

    А.Д