Се зголемува брзината на движење на три клучни сообраќајници во Кавадарци

Се зголемува брзината на движење на три клучни сообраќајници во Кавадарци

Општина Кавадарци воведе нова сообраќајна регулација на дел од градските улици, со која се овозможува поголема проточност и поефикасно одвивање на сообраќајот во градот.

Согласно изработениот и одобрен сообраќаен проект, на терен веќе се поставени соодветни сообраќајни знаци со кои дозволената брзина на движење се зголемува од 40 км/ч на 50 км/ч на следниве сообраќајници:

  • Западен Булевар
  • Улица „Шишка“
  • Северен Булевар

Од локалната самоуправа информираат дека новата регулација е целосно усогласена со техничките и безбедносните услови на овие фреквентни сообраќајни артерии.

И покрај зголемениот лимит на брзината, од Општина Кавадарци апелираат до сите возачи на максимална внимателност во сообраќајот и задолжително почитување на новопоставената сообраќајна сигнализација.