Општина Кавадарци го прави првиот конкретен чекор за решавање на деценискиот проблем со сместувањето и грижата за постарите граѓани. По повеќе од 30 години, избрана е компанија-изведувач и подготовката за изградба на нов, современ дом за стари лица е во завршна фаза, објави градоначалникот Митко Јанчев во гостувањето во емисијата „ТВ Објектив“ на КТВ Телевизија.
„Дом по највисоки стандарди за нашите постари сограѓани“
Градоначалникот Митко Јанчев истакна дека местоположбата на новиот дом е внимателно избрана со цел да понуди одлична сообраќајна и комуникациска поврзаност, како и сите потребни услови за уден претстој.
„Ова е првпат после 30 години да имаме конкретен избрано изведувач за изградба на старски дом. Општината ја заврши својата работа — го подготви проектот и локацијата. Очекуваме во септември, можеби токму за време на ‘Тиквешкиот гроздобер’, да го ставиме камен-темелникот.“
Грижа на ниво на хотел со 4 ѕвездички
За разлика од традиционалните установи, концептот за новиот дом предвидува услуга и услови од највисок ранг. Целта е да се овозможи достоинствен престој и континуирана медицинска и социјална нега, а кавадарчани да не мора да бараат сместување за своите блиски во други градови или приватни домови со високи цени.
Со оваа инвестиција, Општина Кавадарци продолжува со реализацијата на капитални социјални и инфраструктурни проекти кои директно го подобруваат квалитетот на животот на сите генерации граѓани.
A.Д