Покрај кејот на реката Луда Мара е изградена нова современа фитнес зона на отворено, наменета за спорт и рекреација на сите возрасни групи.
Новата спортско-рекреативна зона се протега на површина од 60 квадратни метри и е целосно поплочена со бехатон коцки. Во рамките на просторот се поставени пет современи фитнес справи, со што граѓаните добиваат уште една уредена локација за физичка активност на свеж воздух.
Градежните активности ги изведе фирмата „ТУРБОИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје“, а вкупната вредност на овој проект изнесува 432.175 денари.
Со оваа инвестиција дополнително се подобруваат условите за рекреација и се поттикнуваат здравите навики кај локалното население.