Општина Кавадарци интензивно работи на реализација на новиот Био пазар, капитален проект вреден 26,5 милиони денари (плус ДДВ), кој треба да им овозможи на локалните производители модерен простор за пласман на нивните производи.
Со изградбата на овој современ и сертифициран простор, локалните земјоделци, органските производители и малите семејни бизниси ќе добијат можност директно, без посредници, да ги продаваат своите производи по фер цени.

Овој проект претставува директна инвестиција во три клучни сегменти за општината: обезбедување пристап до свежи и проверени органски производи, економско зајакнување на локалните земјоделци и мали семејни бизниси, како и модернизација на Кавадарци.
Градежните активности се одвиваат според предвидениот план, со што Кавадарци наскоро ќе добие уреден и функционален простор по сите современи стандарди.