Поскапуваат горивата: Дизелот достигна 99,5 денари за литар

Поскапуваат горивата: Дизелот достигна 99,5 денари за литар

Од ноќеска на полноќ стапуваат на сила новите, повисоки цени на нафтените деривати, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Според најновата одлука, цената на дизелот се зголемува и ќе се продава за 99,5 денари по литар. Поскапување има и кај останатите горива:

  • ЕУРОСУПЕР БС – 95: 91,0 ден/лит
  • ЕУРОСУПЕР БС – 98: 93,0 ден/лит
  • ЕУРОДИЗЕЛ БС: 99,5 ден/лит
  • Масло за домаќинство (EL): 98,5 ден/лит
  • Мазут (М-1 NS): 46,4 ден/кг

Од РКЕ напоменуваат дека во денешната калкулација се пресметани намалените износи на акцизите — 2 денари по литар за бензините и 4 денари по литар за дизел горивото. Новите цени стапуваат на сила од 00:00 часот.