Општина Кавадарци, во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) преку програмата ReLOaD3, одржа координативен состанок со претставниците на граѓанските организации кои се добитници на грантови.
Главната цел на состанокот беше навремено информирање за сите чекори во процесот на имплементација на проектните активности. Со ова се обезбедува континуирана координација, висока отчетност и транспарентност во реализацијата на проектите од страна на општината и здруженијата.
Над 2,7 милиони денари за локални проекти
Во рамки на спроведениот јавен повик беа доделени грантови во вкупна вредност од 2.788.356 денари. Од оваа сума, Општина Кавадарци учествува со директно кофинансирање во износ од 878.332 денари.
Општина Кавадарци порачува дека и понатаму останува посветен партнер во поддршката на граѓанскиот сектор и реализацијата на проекти кои директно придонесуваат за локалниот развој и подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани.