Утринава беше спроведено второто авионско третирање против комарци на територија на Општина Кавадарци.
Третирањето го изврши фирмата ДВУ РИМИН ЕР ДООЕЛ Штип. Со истото беше опфатено течението на реката Луда Мара од с. Марена целото градско подрачје, с. Ваташа па се до брана Моклиште – информираат од локалната самоуправа.