Приведена 49-годишна неготинчанка: Се заканувала и кршела прозори на здравствена установа, аптека и продавница

Приведена 49-годишна неготинчанка: Се заканувала и кршела прозори на здравствена установа, аптека и продавница

Полициски службеници од ОВР Неготино вчера (29.07.2026), во 08:30 часот, ја лишиле од слобода Б.Т. (49) од Неготино поради нарушување на јавниот ред и мир и уништување имот.

Според пријавеното во полицијата, таа најпрво им се заканувала на вработени пред здравствена установа во Неготино, фрлала со тврди предмети кон нив и искршила дел од прозорците на објектот. Набрзо потоа следувале нови пријави дека истото лице искршило прозорци од излог на локална аптека упатувајќи закани и до вработените, а потоа искршила и прозорци од продавница во градот.

По брзата интервенција на полицијата, Б.Т. била приведена во полициска станица, по што била пружена асистенција за нејзино соодветно спроведување во здравствена установа.

За настанот веднаш е известен Јавен обвинител, а по комплетно документирање на сите случаи, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.