Со цел значително зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, Општина Кавадарци постави нови средства за смирување на сообраќајот на фреквентната крстосница меѓу улиците „Шишка“ и „27 Март“ во селото Глишиќ.
Со оваа сообраќајна интервенција директно се влијае врз намалувањето на брзината на движење на возилата на оваа локација, со што се овозможува значително побезбедно одвивање на сообраќајот и поголема заштита на пешаците и сите жители од овој дел на населеното место.

Од Општина Кавадарци истакнуваат дека безбедноста на сите граѓани останува еден од нивните клучни приоритети. Најавено е дека ваквите активности за поставување соодветна сообраќајна опрема и унапредување на инфраструктурата ќе продолжат и во наредниот период на други критични локации каде што има потреба од подобрување на безбедноста.