Денеска градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, оствари работна средба со проф. м-р Страшо Темков, раководител на Меѓународниот флејтистички концертен подиум.
На средбата официјално беа најавени подготовките за 16-тото издание на оваа традиционална музичка манифестација, која годинава ќе се одржи од 24 до 29 август во прекрасниот амбиент на Детското одморалиште „Михајлово“.
Професорот Темков изрази голема благодарност до Општина Кавадарци и градоначалникот Јанчев за континуираната и несебична поддршка во организацијата и развојот на овој значаен културен настан, кој со години го позиционира Кавадарци на мапата на врвните музички случувања.
На овогодишното издание на концертниот подиум најавено е учество на 15 студенти, кои ќе имаат можност да усовршуваат своите вештини под менторство на четворица еминентни професори по флејта од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Бугарија.
