Пожарникарите од ТППЕ Кавадарци во моментов интервенираат на пожар во Бошавијата, каде огнената стихија зафати голема површина.
Во акцијата за гаснење се ангажирани три екипи со три противпожарни возила, а поддршка на терен даваат и Шумска, Граничната полиција и Подружница „Бор“ – Кавадарци.
Силниот ветер претставува голем предизвик и дополнително ја отежнува интервенцијата, поради што гаснењето ќе продолжи сè до целосно локализирање и ставање на пожарот под контрола.
Пожарникарите, заедно со сите вклучени служби, вложуваат максимални напори за спречување на понатамошното ширење на пожарот.