СО ОВОЈ ЗАФАТ СЕ ОВОЗМОЖУВА ПРАВИЛНО ОДВОДНУВАЊЕ НА АТМОСФЕРСКИТЕ ВОДИ СО ШТО СЕ НАМАЛУВА РИЗИКОТ ОД НЕСАКАНИ ПОПЛАВИ.
Во Општина Росоман во тек е реализацијата на проектот за поставување атмосферска канализација на улиците бр. 40, 41, 42 и 43, во вкупна должина од 965 метри.
Со изградбата на новата канализациона мрежа ќе се овозможи правилно одводнување на атмосферските води, ќе се намали ризикот од поплавување и ќе се создадат подобри услови за понатамошно комплетно уредување на улиците.
Ова е уште еден значаен инфраструктурен зафат со кој се решаваат долгогодишни проблеми и се подобрува квалитетот на животот на граѓаните на Росоман.