Се подготвува за асфалтирање патниот правец Мрежичко – Мајден

Се подготвува за асфалтирање патниот правец Мрежичко – Мајден

Во Тиквешкиот регион во тек се интензивни подготовки за асфалтирање на патниот правец што ги поврзува населените места Мрежичко и Мајден.

Овој значаен инфраструктурен проект го реализираат Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) и ЈП „Македонијапат“. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува над 50 милиони денари, средства наменети за целосна реконструкција и модернизација на оваа патна делница.

Со реализацијата на овој проект значително ќе се подобри безбедноста во сообраќајот и ќе се подигне квалитетот на сообраќајното поврзување во овој дел од регионот. Новоасфалтираниот пат значително ќе го олесни секојдневното движење и патување на локалното население, а истовремено ќе создаде и подобри услови за побрз локален и економски развој на околните места – велат од општина Кавадарци и истакнуваат дека фокусот останува на капиталните инвестиции кои директно влијаат врз подобрувањето на квалитетот на животот на граѓаните и создавањето модерна патна мрежа според сите безбедносни стандарди.