(фото) Напредуваат градежните активности на затворениот базен на локацијата на поранешна „Ла Луна“

(фото) Напредуваат градежните активности на затворениот базен на локацијата на поранешна „Ла Луна“

Овој затворен базен е со димензии 25×9 метри и длабочина од 1,20 метри.

Истиот првенствено ќе се користи за децата од основните и средните општински училишта, но рекреативно ќе можат да го користат и сите останати граѓани.

Во моментов започна лепењето на плочките во базенот, паралелно се работи во машинската просторија, а интензивно се изведува и партерното уредување на просторот околу објектот – информираат од локалната самоуправа.