Мицкоски : Се гради низ цела држава, се подготвува и трет повик за општински проекти

Мицкоски : Се гради низ цела држава, се подготвува и трет повик за општински проекти

Премиерот Христијан Мицкоски при денешната работна посета на општина Илинден истакна дека Македонија е претворена во едно големо градилиште, каде преку процесот на реалокација на средства од централниот буџет се реализираат повеќе од 1.200 проекти во сите општини.

„Дел од проектите од првиот и вториот повик веќе се завршуваат, дел се во процес на реализација, а очекувам следната година да го заокружиме овој процес и веќе да размислуваме за третиот повик. Во меѓувреме општините подготвуваат нови проекти, што е за поздравување“, изјави Мицкоски.

Тој упати честитки до градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, за како што рече, импресивните резултати, и изрази благодарност до советниците, општинската администрација и колегите од Владата за нивниот ангажман.

Според премиерот, со поддршката за локалниот развој се менува целокупната слика за државата, а Владата ќе продолжи со истото темпо на инвестиции и во иднина.