Вкупно 59 санкции изрече Мобилната единица за безбедност на сообраќајот при вчерашната акциска контрола (27 јули) на подрачјето на Кочани и Виница, фокусирана на возачите на мотоцикли и електрични тротинети, информираат од МВР.
Најголем дел од прекршоците – дури 34 – се за носење мотоцикл без кацига. Една санкција е изречена за возач на тротинет, а забележани се и прекршоци за возење без соодветна категорија, под дејство на алкохол, како и нерегистрирани возила и истечени полиси.
За време на акцијата се откриени и три кривични дела за управување возило без возачка дозвола (чл. 297-а од КЗ), при што од слобода се лишени три лица, меѓу кои и еден малолетник, а одземени се и три мотоцикли.
Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и апелираат до сите учесници за одговорно однесување и доследно почитување на правилата.
фото: МВР