ТРИ СПЕЦИЈАЛНИ НАГРАДИ ЗА Ф.А. „ТИКВЕШ“ НА „РУДИНА ФЕСТ“ ВО ЧЕГРАНЕ

ТРИ СПЕЦИЈАЛНИ НАГРАДИ ЗА Ф.А. „ТИКВЕШ“ НА „РУДИНА ФЕСТ“ ВО ЧЕГРАНЕ

.
Играорците и оркестарот на ФА ,,Тиквеш’’ на завршната вечер на ,,Рудина Фест’’ во Чегране – гостиварско се претставија со фрагмент од кореографијата ,,Пијанец’’ и сценските адаптации ,,Малешевија’’ и ,,Копачка’’, како и песните ,,Што ми се нешто белее’’ и ,,Слнце се слега да зајде’’ и од страна на жирито на фестивалот се закитија со следните специјални награди: Специјална награда за најоригинална кореографија, специјална награда за најдобар оркестар и специјална награда за Баже Јованов – шеф на оркестарот за најдобар секомплетен изведувач на фестивалот.

На фестивалот покрај ФА ,,Тиквеш’’ од Македонија, учество зедоа и ансамбли од Албанија, Турција, Италија и Колумбија. Овие награди се уште едно признание за квалитетот на нашиот ансамбл, за вложениот труд и напорна работа и секако, овие награди ќе бидат мотив повеќе за да се продолжи во исто темпо и гордо и достоинствено да се презентира македонскиот фолклор на домашната и меѓународната сцена.


Следниот фестивалски настап на Фолклорниот ансамбл “Тиквеш“ , на кавадаречките културни амбасадори е вечерва на најголемиот Фолклорен фестивал во Македонија “Илинденски денови“ во Битола,