Пожар во Росоман

Пожар во Росоман

Денес на територијата на Општина Росоман избувна пожар, при што веднаш интервенираа екипите на Територијалната противпожарна единица Кавадарци и ЈПКД Росоман.

Како што информираат од општината, во моментов пожарот е ставен под контрола, а надлежните служби сè уште се на терен и активно работат на негово целосно локализирање и гаснење.

-Благодарност до пожарникарите, вработените во ЈПКД Росоман и сите кои несебично се вклучени во справувањето со пожарот. Состојбата внимателно се следи, а за сите понатамошни информации јавноста ќе биде навремено известена – велат од локалната самоуправа.