Граѓанските организации бараат притвор за осомничениот во Охрид и одговорност за бегството во Битола

Граѓанските организации бараат притвор за осомничениот во Охрид и одговорност за бегството во Битола

СКОПЈЕ – Мрежата за заштита од дискриминација, Платформата за родова еднаквост и Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство бараат итно постапување на институциите, заштита на жртвите и утврдување одговорност за случаите со насилство врз жени во Охрид, Битола и Богданци.

Во заедничката реакција, организациите бараат обвинителството да побара притвор за осомничениот во Охрид, кој на 26-годишна жена ѝ нанел тешки телесни повреди, но добил само мерки на претпазливост. Тие бараат и независна проверка на наводите за евентуално семејно и политичко влијание врз истрагата и медицинската документација.

За случајот во Битола, каде што осомничен за долготрајно насилство и закани по живот врз 21-годишна девојка избега низ прозорец од полициска станица, организациите инсистираат на негово итно пронаоѓање и санкционирање на полициските пропусти. Дополнително, се бара целосна ревизија на институционалното постапување по претходните пријави пред неодамнешниот фемицид во Богданци.

Трите мрежи апелираат за законски измени усогласени со Истанбулската конвенција, стабилно финансирање на сервисите за помош на жртвите, како и професионално медиумско известување кое нема да го релативизира насилството.

поврзани вести:

СДСМ бара заштита за Сара и одговорност за сите од ВМРО кои се обиделе да го заташкаат насилството – КТВ Телевизија

Левица: Вмровските врски на семејството Корабоски поважни од животот на Сара – дали посмртен наод е единствениот доказ што го признаваат заробените институции? – КТВ Телевизија