Младите од Кавадарци креираат идеи за локални промени: Одржана првата обука од проектот „ЛАПСИ“

Младите од Кавадарци креираат идеи за локални промени: Одржана првата обука од проектот „ЛАПСИ“

Во просториите на Општина Кавадарци денеска се одржа првата обука во рамки на проектот „ЛАПСИ“ (Локални активни платформи за социјални иновации), чија главна цел е активно вклучување на младите во препознавањето на локалните предизвици и креирањето соодветни решенија.

На работилницата учествуваа средношколци од Кавадарци, кои преку тимска работа, интерактивни дискусии и практични вежби ги детектираа потребите на младите во градот и предложија конкретни идеи за позитивни општествени промени. Намерата е младите генерации да ги развијат своите вештини за критичко размислување, презентација и тимско дејствување, преминувајќи од пасивни набљудувачи во активни креатори на иднината на својата заедница.

Проектот „ЛАПСИ“ го спроведува Институтот за економски стратегии и меѓународни односи – Охрид, како дел од регионалната програма „BOOST – Balkans“ координирана од Европската асоцијација за локална демократија (ALDA), а со финансиска поддршка од Француската агенција за развој (AFD).