Изложбата „Дијалог на форми“ на Музеј-галерија Кавадарци се отвара во КИЦ на Македонија во Софија

Изложбата „Дијалог на форми“ на Музеј-галерија Кавадарци се отвара во КИЦ на Македонија во Софија

Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија, вечерва, со почеток од 18:30 часот, ќе биде отворена ликовната изложба „Дијалог на форми“.

Оваа ликовна изложба обединува значајни имиња од македонскиот ликовен живот преку дела, настанати по време на одбележувањето на православниот празник Свети Трифун во Кавадарци.

Реализацијата на настанот е во соработка помеѓу Музеј галерија – Кавадарци и Македонскиот КИЦ во Софија.

Изложбата ќе остане отворена за посетителите до 6 октомври 2026 година.