Ротари клубот од Неготино реализираше уште една значајна донација во средното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Неготино. Училиштето доби современи наставно-демонстрациски табли за електрични инсталации и системи, кои на учениците од стручните насоки ќе им овозможат теоретското знаење да го преточат во практични вештини.
Со новата опрема, учениците ќе изведуваат вежби за автоматизирани системи со PLC контролери, противпожарни системи, како и изведба на електрични инсталации и осветлување.
Директорката Сузана Стоева, претходниот претседател Ристе Камчев и актуелниот претседател Лазар Чолак ја истакнаа важноста на оваа соработка за подобрување на условите во образованието и создавање квалитетен и стручен кадар за заедницата.
A. Д