Заврши бесплатната школа за пливање во Кавадарци: Над 160 деца успешно ги совладаа пливачките вештини

Заврши бесплатната школа за пливање во Кавадарци: Над 160 деца успешно ги совладаа пливачките вештини

Со голем интерес и позитивна енергија заврши уште едно успешно издание на бесплатната школа за пливање во Општина Кавадарци. Оваа година повеќе од 160 деца имаа можност преку спорт, забава и дружење да поминат активно лето и да стекнат корисни вештини.

Школата се реализираше на Градскиот базен во Кавадарци, кој за оваа намена понуди одлични услови — реновиран простор и топла вода, создавајќи безбедна и мотивирачка средина за сите најмлади учесници.

За правилното совладување на техниките и сигурноста во вода беа задолжени професори по физичко и здравствено образование. Со нивниот професионален пристап и посветеност, децата не само што ги научија основите на пливањето, туку и ја зголемија својата самодоверба.

Во реализацијата на обуката беа ангажирани професорите:

  • Дарко Цеков
  • Влатко Пецов
  • Филип Атанасов
  • Јован Леотиковски
  • Илија Грозданов
  • Боро Ѓорѓиев

Покрај редовните часови по пливање, за децата беа организирани и дополнителни забавни игри и активности. Големиот одзив за овој проект уште еднаш ја потврди свеста кај кавадарчани и нивните родители за важноста на спортот, физичката активност и создавањето здрави навики кај младите од најрана возраст.