Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука за санкционирање на ГФК Тиквеш 1930 со парична казна во износ од дури 5.000 евра. Како причина за вака драстичната казна се наведуваат националистички скандирања и фрлање предмети на теренот за време на првенствениот натпревар против екипата на ФК Шкендија Арачиново 77.
Коментар: Дали Тиквеш му пречи некому, или целта е системски да се уништи клубот?
Оваа последна одлука на куќата на фудбалот ги отвора сите аларми и остава премногу отворени прашања. Сумата од 5.000 евра за македонски услови и за клубовите кои се борат за секој денар во домашниот шампионат не е обична казна — тоа е вистински финансиски удар кој сериозно го загрозува нормалното функционирање на ГФК Тиквеш.
Дали кавадаречкиот гордост и фудбалскиот развој во овој регион му пречат некому во фудбалските фотелји? Не може да не се забележи неразмерноста во санкциите кога ќе се споредат со другите одлуки од истото коло, каде за други пропусти се изрекуваат симболични сумни. Ваквиот пристап од страна на Дисциплинската комисија остава голем сомнеж — дали се работи за воведување ред или пак некој директно сака да го финансиски да го исцрпи и уништи ГФК Тиквеш?
За клуб кој вложува во спортот, навивачите и заедницата, ваквите сурови казни претставуваат товар кој тешко се издржува. Доколку критериумите продолжат да се применуваат со ваков двоен аршин, прашање е колку уште ќе може да издржи клубот пред целосно да биде турнат на колена.