Познати добитниците на општинската награда „7-ми Септември“

Познати добитниците на општинската награда „7-ми Септември“

По повод претстојниот празник „7-ми Септември“ – Денот на ослободувањето на Кавадарци, Советот на Општина Кавадарци денеска донесе одлука за доделување на престижната општинска награда „7-ми Септември“.

Наградата, која се доделува за посебни достигнувања и придонес во развојот и афирмацијата на градот, годинава ја добиваат:

  • Д-р Благојче Митев – за особен придонес во областа на здравствената заштита.
  • Фондација „НИКОЛА ЈАНЧЕВ“ Кавадарци – за особен придонес во областа за развој на Општина Кавадарци.
  • Методи Каровски (постхумно) – за особен придонес во областа на спортот.

Наградата „7-ми Септември“ се состои од плакета и диплома, а на овогодинешните добитници и нивните претставници свечено ќе им биде врачена на Свечената седница на Советот по повод празникот на Општина Кавадарци, на 7-ми септември.

A.Д