Кавадарци добива нов Картинг центар: Инвестиција од над 35 милиони денари за спорт и забава

Кавадарци добива нов Картинг центар: Инвестиција од над 35 милиони денари за спорт и забава

Изградбата на новиот Картинг центар во Кавадарци се одвива со засилена динамика. Градежните активности за овој модерен комплекс напредуваат во сите фази, со што градот е сè поблиску до добивање нова спортско-рекреативна содржина. Проектот се реализира со финансиска поддршка обезбедена преку вториот повик на Владата, а вкупната вредност на инвестицијата изнесува 35.247.407 денари.

На површина од 2.700 квадратни метри се гради современа картинг патека опремена со сите потребни придружни објекти за посетителите. Проектот е првенствено наменет за младите и љубителите на автомобилизмот и брзината, но истовремено претставува и значајна забавна содржина за сите граѓани.

Со реализацијата на овој капитален објект, Општина Кавадарци продолжува да отвора нови можности за спорт и рекреација, а воедно ја збогатува и својата туристичка понуда со нова адреналинска атракција во регионот.