САНАЦИЈА НА КАПТАЖИТЕ ЗА ВОДОСНАБДУВАЊЕ НА КАМЕН ДОЛ

САНАЦИЈА НА КАПТАЖИТЕ ЗА ВОДОСНАБДУВАЊЕ НА КАМЕН ДОЛ


ЖИТЕЛИТЕ НА КАМЕН ДОЛ ВЕКЕ ТРИ ДЕЦЕНИИ ЧЕКААТ НА РЕШАВАЊЕ НА ОВОЈ ПРОБЛЕМ.

По повеќе од три децении Општина Росоман започна со активности за санација и подобрување на каптажите за водоснабдување на с. Камен Дол.


Станува збор за исклучително тежок и комплициран терен, каде што работата бара големо внимание, искуство и добро познавање на самата локација.


Целта е јасна – подобро, постабилно и посигурно водоснабдување за жителите на Камен Дол.

Градоначалникот Ѓорѓи Крстевски упати голема благодарност до сите работници, стручни лица и жители кои се ангажирани и помагаат во целиот процес. Општина Росоман продолжува да ги решава проблемите кои со години чекале решение – чекор по чекор, населено место по населено место.