Најновите официјални податоци уште еднаш потврдуваат дека одговорните и домаќински политики на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, даваат конкретни резултати.
Јавниот долг во вториот квартал од 2026 година изнесува 58,8% од БДП и бележи намалување од 0,1 процентен поен во однос на претходниот квартал годинава. Во апсолутен износ намалувањето е за 21 милион евра, додека долгот изнесува 10.726 милиони евра.
Споредено со состојбата на јавниот долг на крајот на 2024 година имаме намалување од 2,6 процентни поени, додека пак во однос на крајот на 2025 намалување од 0,6%.
Овие бројки се доказ дека јавните финансии се стабилизираат и дека државата се движи во вистинска насока.
И покрај сервисирањето на значителни обврски наследени од минатото, како што е Еврообврзницата во вкупен износ од 700 милиони евра издадена во 2020 година, Владата успева истовремено да ја зачува финансиската стабилност, редовно да ги исполнува обврските и да инвестира во проекти од значење за граѓаните.
За ВМРО-ДПМНЕ задолжувањето никогаш не е цел само по себе, затоа што важно е средствата да се вложуваат во капитални инвестиции, модерна инфраструктура, здравство, образование и проекти кои создаваат економски раст, нови работни места и повисок животен стандард.
ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со одговорни економски политики, строга фискална дисциплина и домаќинско управување со јавните средства, со цел стабилна економија, повеќе инвестиции и подобра иднина за сите граѓани.