Полицијата во Кавадарци лишила од слобода 41-годишна жена по претходна пријава за упатени закани во семејниот дом.
Случајот бил регистриран синоќа (03.08.2026 година) во 22:00 часот, кога полициски службеници од ОВР Кавадарци постапиле по пријава од 75-годишна жена, која пријавила дека нејзината снаа Д.П. (41) од Кавадарци ѝ се заканувала во нејзиниот дом.
По пријавата, Д.П. била веднаш лишена од слобода и задржана во полициска станица за понатамошна постапка.
За настанот е известен јавен обвинител, а од Секторот за внатрешни работи Велес информираат дека по целосно документирање на случајот, против 41-годишната кавадарчанка ќе биде поднесена соодветна пријава.