Се решава децениски проблем во Росоман: Се гради атмосферска канализација од близу еден километар (фото)

Се решава децениски проблем во Росоман: Се гради атмосферска канализација од близу еден километар (фото)

Во Општина Росоман интензивно се одвиваат градежните активности за изградба на нова атмосферска канализациона мрежа на улиците 40, 41, 42 и 43.

Проектот опфаќа поставување на цевковод во вкупна должина од 965 метри, со вградување на висококвалитетни ПВЦ цевки со профил Ø1000. Со оваа инвестиција трајно и системски ќе се реши долгогодишниот проблем со одведувањето на атмосферските води на оваа локација.

Паралелно со овие градежни зафати, на терен продолжуваат и останатите инфраструктурни активности кои треба да овозможат комплетно урбано и просторно уредување на овој дел од населбата.

Од Општина Росоман порачуваат дека продолжуваат со силна динамика и реализација на капитални проекти кои овозможуваат подобри услови за живот и долгорочни придобивки за сите жители.