Засилени сообраќајни контроли: 43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

Засилени сообраќајни контроли: 43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

Вчера во периодот од 07:00 до 12:00 часот, на територијата на целата држава беше спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на сообраќајните прекршоци поврзани со не пропуштање возила кои имаат првенство на минување.

За време на петчасовната контрола, полициските службеници изрекоа вкупно 43 мерки за овој специфичен вид сообраќаен прекршок. Покрај тоа, во рамки на истата акција беа констатирани и санкционирани уште 123 други видови сообраќајни прекршоци – информираат од МВР.

Министерството за внатрешни работи најавува дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредниот период со цел подигнување на нивото на безбедност на патиштата. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.