ПОВЕЌЕ ОД 70 ПЕНЗИОНЕРИ ОД РОСОМАН КОРИСТАТ БЕСПЛАТЕН ЈАВЕН ПРЕВОЗ

ПОВЕЌЕ ОД 70  ПЕНЗИОНЕРИ ОД РОСОМАН КОРИСТАТ БЕСПЛАТЕН ЈАВЕН ПРЕВОЗ

Над 70 пензионери од Општина Росоман веќе ја користат можноста за бесплатен јавен превоз, мерка што беше воведена со цел да им се олесни секојдневието и да се намали нивниот финансиски товар.

Општина Росоман е тесно поврзана со Општина Кавадарци, каде жителите на Општина Росоман секојдневно ги користат услугите на Министерството за внатрешни работи, Општата болница, Центарот за социјални работи, како и многу други институции и услуги. Со оваа мерка, пензионерите заштедуваат значителни финансиски средства, а истовремено добиваат полесен и подостапен пристап до институциите и услугите што им се потребни.

Од Општина Росоман потенцираат дека грижата за повозрасните е нивна обврска, а подобрувањето на квалитетот на животот останува еден од приоритетите на општината па затоа продолжуваат со политики што носат реални придобивки за нивните сограѓани.