Реконструкција на фекална канализација во село Дабниште (фото)

Во тек е реконструкција на фекална канализација во село Дабниште. Изведувач на работите е фирмата РМК ГРАДБА од Студеничани.

 

Вкупната вредност изнесува 10 402 714 денари, од кои 3 000 000 денари се инвестиција на Министерство за животна средина и просторно планирање, а останатиот износ од 7 402 714 денари, е инвестиција на општина Кавадарци – информираат од локалната самоуправа.