Едно лице повредено во сообраќајката кај Дреново

Утринава во близина на Дреново патничко возило излетало од патот. Случаен минувач пријавил во брзата помош, која веднаш пристигнала на местото на несреќата.
 
 
„Возилото беше превртено, а возачот приклештен. Поради тоа интервенираше и противпожарната единица. Повредениот е извлечен и транспортиран во општа болница Кавадарци. Виталните функции беа сочувани. Во болницата се врши понтамошна дијагностика“ рече за КТВ, д-р Ратко Грков од Итната медицинска помош Кавадарци.
 
 
ОД ТППЕ Кавадарци бевме информирани дека интервенирале со петмина пожарникари, едно возило за техничка интервенција и возило за прва помош.
 
А.Д