Жител на Градско пронајден починат во неговиот дом

Жител на Градско пронајден починат во неговиот дом

На 22.01.2024 во 20.30 часот во СВР Велес било пријавено дека во сопствениот дом во  населба Градско – Велес бил пронајден починат М.Ј.(79).

 

Лекар од Итна медицинска помош  констатирал смрт, а увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Велес. По  наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција – информираат од СВР Велес.